MINI 3-door Hatch side view
3-DOOR HATCH
MINI 3-door Hatch – поглед од страна– сива и црна боја MINI 3-door Hatch – поглед од страна– сива и црна боја

MINI 3-door Hatch – поглед од напред – сива и црна боја

РЕИЗДАНИЕ НА ОРИГИНАЛОТ

Со својот оригинален имиџ на икона и бунтовник, легендарниот MINI 3-door Hatch се надоврзува на над 60 години рушење на конвенционалноста. Неговата динамична силуета и елиптичните фарови кои му се заштитен знак оставаат сјаен впечаток, додека во исто време неговите компактни димензии го прават совршен за тесните градски улици. Доаѓа опремен со низа иновативни технолошки карактеристики и практични детали . Паметниот поврзан инфо-забавен систем со својот 8,8 "инчен екран на допир и интеграција на апликации доаѓа по стандард. Исто така, возбудливите нови пакети опрема, бои и опции за прилагодување ви овозможуваат да го направите вашиот MINI уникатно ваш.
MINI 3-door Hatch – поглед од напред – сива и црна боја

МАКСИМАЛНО ЧУВСТВО НА ВОЗЕЊЕ КАРТИНГ

Малиот круг на вртење на MINI со 3 врати, кратката странична издаденост и компактна конструкција овозможуваат агилно маневрирање низ тесните улици и густиот сообраќај. 3-и 4-цилиндричните TWIN Power Turbo мотори обезбедуваат непосреден вртежен момент за брзо достигнување брзина. Во режимот SPORT можете да го зголемите забрзувањето и одговорот на управувачот со вчудовидувачка агилност. Искусете го чувството на возење картинг со низок центар на гравитација и високи вртежи во минута и уживајте во максимална забава во MINI.

КРЕАТИВНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОРОТ

0

литри

Креативната употреба на просторот во MINI е чиста уметност. Тоа е во сржта на нашата филозофија. Спуштете гио задните седишта со разделување 60/40, и ќе имате импресивни 731 литар за вашиот багаж.

КРЕИРАЈТЕ СИ МОДЕЛ ЗА ВАС

*Ве молиме имајте во предвид дека не се достапни сите комбинации и конфигурации во вашиот регион.

ПОГЛЕД ОД 360° НА ЕНТЕРИЕРОТ.

MINI 3-door Hatch – ентериер – поглед од  360° MINI 3-door Hatch – ентериер – поглед од  360°

ИСТАКНАТИ ФУНКЦИИ

ПРИВЛЕЧЕН ДИЗАЈН

Динамичните линии и јасниот, чист стил се комбинираат со широката патека и кратките странични издадености за да му дадат на МИНИ 3-door Hatch компактно спортско присуство. Карактеристичните фарови се совршено надополнети со новите привлечни странични трепкачи кои содржат LED индикатори. Опционалните рачки на вратите, капачето на отворот за гориво и останатите акценти на новиот дизајн во елегантната Piano Black црна нијанса му даваат на MINI 3-door Hatch уште поиндивидуален изглед. И на крај, иновативната палета на уникатни алуминиумски тркала заокружува сè.

Сива разделна линија Сива разделна линија

ПРЕЗЕМИ ГИ СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ.

MINI 3-door Hatch side view
3-DOOR HATCH