MINI VISION NEXT 100

ОБЛИКОТ НА РАБОТИТЕ ШТО ЌЕ ДОЈДАТ.
Инвентивноста е вградена во ДНК на MINI. Но што ако можеме да добиеме нешто уште подобро? Што ако MINI на иднината може да ни овозможи едно уникатно, персонализирано искуство во комбинација со заедничка сопственост? За да ви овозможиме краток увид во она што следува, замисливме како би можела да изгледа иднината на урбаната мобилност.


СЕКОЈ MINI Е ВАШ MINI.
Во иднина во која едно MINI може да го делат сите, новата генерација на технологија ви овозможува автомобилот секогаш да изгледа и да се чувствува како да е ваш. Деловите од надворешната површина се трансформираат за да одговараат на вашите лични потреби и лично ве поздравуваат кога ќе се доближите до него. Cooperizer е проѕирен кружен инструмент во боја во центарот на автомобилот и во срцето и душата на MINI VISION NEXT.


УРБАН КАРТИНГ.
Визионерскиот автомобил покажува еден чедесен, транспарентен преден дел, давајќи му на возачот едно извонредно чувство на слобода и брзина. Дизајнот исто така овозможува да се прикажуваат проекции во глетката, со што се обезбедува дури и подинамично искуство во возењето.

ВИЕ ВО СРЦЕТО.
Делови од надворешната површина се трансформираат за да одговараат на вашите лични потреби и желби и визионерскиот автомобил ќе ве поздрави со лична порака кога ќе му се доближите.

БОЈА ВО ДВИЖЕЊЕ.
Тркалата на MINI VISION NEXT 100 имаат сопствени извонредни дизајнерски карактеристики. Инспирирани од сложените дизајни на часовниците, тркалата ротираат за да создадат ефект на прелевање сенки (ombre-cinema).

COOPERIZER.
Cooperizer е проѕирен кружен инструмент кој се наоѓа во центарот на автомобилот и е срцето и душата на MINI VISION NEXT 100 - кој комуницира со возачот преку динамични промени во бојата. Cooperizer исто така го контролира и начинот на возење и може да понуди едно нежно, релаксирано возење или спортско возење за чувство на вистинска возбуда.

ВАШЕ ПАТУВАЊЕ. НА ВАШ НАЧИН.
Прилагодливиот управувач и педалите може да се регулираат на лева, централна и десна страна, за да се создаде едно максимално прилагодливо искуство во возењето.
MINI ПОВТОРНО ИЗМИСЛЕН.
MINI VISION NEXT 100 оддава почит на познатиот дизајн на MINI со тоа што ги поставува тркалата во најдалечниот агол на визионерскиот автомобил, со што максимално се зголемуваат чувствата и управувањето. Cooperizer исто така ви нуди опција да го искусите и личниот режим на возење на некој друг, на пример на пријателите, семејството, на некоја позната личност, па дури и на некој креативен визионер. Помеѓу патувањата, визионерскиот втомобил самостојно ќе отиде во сервисниот центар каде ќе биде исчистен и повторно наполнет, пред да замине да добие друг возач.