Достапни се 3 бои на покрив


john cooper works
МАКСИМАЛНА MINI ВОЗБУДА.***
ДА ПОЧНЕМЕ СО ПОБРЗО ЧУКАЊЕ НА ВАШЕТО СРЦЕ.
Нашите MINI John Cooper Works модели со високи перформанси се подготвени да остават силен впечаток, со својот атлетски став и карактеристично, тивко режење. Овие нескротливи модели со високи перформанси се реинкарнација на тркачките легенди на John Cooper и ја претставуваат самата суштина на мотоспортот. John Cooper и неговиот тим им веруваа на своите инстинкти. На почетокот на 60-тите години и покрај сите пречки но со еден незапирлив, пионерски дих, тој успеа да изгради легендарен тркачки автомобил од еден мал семеен автомобил - и ги смени мислењата на многу луѓе.














МАЛКУМИНА ИМАА ВЕРБА.
Никој не можел да предвиди дека John Cooper и препознатливиот класичен Mini ќе го освојат карираното знаме и покрај сите пречки. Воинствениот аутсајдер го освои светот на трките на ура, совладувајќи ги противниците со агилното држење, револуционерниот мотор и поставеноста на тркалата. Секој пат.
ПИШУВАЈЌИ ЈА ИСТОРИЈАТА НА МОТОСПОРТОТ.
Приказната на John Cooper Works започнува уште од 1946 година. Чарлс Купер (Charles Cooper) и неговиот син Џон (John) ја основаа компанијата Cooper Car и ги создадоа своите први тркачки автомобили во малата гаража на Чарлс во Сарбитон, Англија. Овој скромен почеток на крај ќе ја смени насоката на развојот на мотоспортот и ќе помогне да се создаде едно успешно тркачко наследство ширум светот што постои и до ден денес. Да не го спомнуваме и длабокиот впечаток што наскоро ќе се види на класичниот Mini. Погледнете го одличниот "John Cooper: Genius & Works", ексклузивен документарен филм во продукција на „Скај“.


СТАВАЈЌИ ГО ВОЗАЧОТ НА ПРВО МЕСТО.
Компанијата „Cooper Car“ прв пат почна да ги прави тркачките автомобили со едно седиште за Формула Три. Тие имаа огромен успех во класата од 500cc поради нивниот револуционарен мотор во задниот дел. Овој генијален потег за кусо време ја напрви компанијата „Cooper Car“ одличен избор за сите амбициозни млади возачи. John Cooper продолжи да ги освојува како шампионатите на Формула 1, така и шампионатите на Конструкторите.


СОЗДАВАЊЕТО НА ЛЕГЕНДАТА.
Откако оствари значителен успех со своите автомобилски конструкции, Џон Купер стана опседнат со штотуку претставениот класичен Mini. Заинтригиран од неговиот потенцијал, тој замисли да го претвори во тркачки шампион. Со додавање на помоќен мотор, нови сопирачки и поостро управување, тој го претвори овој скромен семеен автомобил во тркачко возило кое победи многу џинови. Во 1961 година, бил роден приот Mini Cooper.


ПРКОСЕЊЕ НА СИТЕ КОНВЕНЦИОНАЛНОСТИ.
Сега, ништо не може да го задржи Mini. Инстинктот на John Cooper уште еднаш се покажа како непогрешлив. Тој беше мајстор на играта. Бил создаден автомобил за сите времиња. До 1964 година, Mini Cooper станал глобално позната марка автомобили. Тој победи на речиси сите можни натпревари - вклучувајќи ја и историските победи на релијата во Монте Карло во 1964, 1965 и 1967 година. Mini и John Cooper го развија класичниот Mini во победник кој бил во голема мера посупериорен од своите конкуренти.


СОСЕМА НОВА ЕРА.
Во 2001 година, 'Mini' се приклучи на BMW групацијата и бил ребрендиран како MINI. Оваа промена придонесе за тоа да се обнови интересот за прилагодување на MINI моделите и за продолжување на наследството на John Cooper Works. John Cooper Works MINI Cooper и MINI Cooper S Tuning Kits станаа достапни преку MINI центрите низ целиот свет од 2003 година, зголемувајќи ја излеЗната снага на MINI Cooper на 126 hp (93 Kw) и на MINI Cooper S на импресивни 200 hp (147 Kw).


ПОБРЗО И ПОБРЗО.
Претходно подесениот MINI Cooper S со John Cooper Works GP Kit бил претставен на пазарот во 2006 година. Ова ново ограничено издание на MINI hatchback дава спектакуларни перформанси и уникатно тркачко чувство. Тој е најбрзиот до сега MINI на патиштата, кој може да достигне брзина од 62 mph (100км/ч) за помалку од 6.5 секунди. Биле произведени само 2000 парчиња. И сите биле со уникатна боја: металик Thunder Blue со Chili Red ретровизори и Pure Silver покрив каде се наоѓаше бројот на нивното производство од 1 со 2000.


ПОВТОРНО РАЃАЊЕ НА ЛЕГЕНДАТА.
Во 2007 година, BMW го купи името на брендот John Cooper Works, неговите инженерски и развојни ресурси. И една година подоцна, првите два нови MINI John Cooper Works модели биле претставени на пазарот: целосно ажурирана верзија на John Cooper Works Hatch и на John Cooper Works Clubman. Овие моќни возила биле опремени со 1.6 литарски мотор со четири цилиндри со Twin Scroll турбо полнач и со излезна снага од 211 hp (155 kW). Сведоштво на пионерскиот дух на John Cooper и посветеноста кон перформансите во возењето. Пет години подоцна, во 2013 година, било претставено ограниченото издание MINI John Cooper Works GP, со мотор со четири цилиндри 218 hp турбо полнач. Повторно биле произведени само 2000 парчиња од овие значително барани модели.


ШАМПИОНСКИ ИНСТИНКТ.
Тркачкото наследство на MINI продолжува да живее во MINI John Cooper Works моделите кои штотуку се појавија на улиците. Тие сите ја имаат истата ДНК, со високи перформанси и тркачко подесување за да испорачаат една моќна комбинација на прецизно држење на патот и забрзување. Покрај тоа, нашиот MINI John Cooper Works тркачки тим ја победува и конкуренцијата. Неодамна го освои карираното знаме во Дејтона - победувајќи некои од врвните спортски автомобили во светот. И по освојувањето на релито Дакар, четири години по ред, со MINI ALL4 Racing, рели тимот на X-raid MINI John Cooper Works Rally имаше успешен почеток на релито Дакар. Џон Купер ќе беше горд.


ЗА МАЛКУМИНА.
Видете што ќе се случи кога ќе ја употребиме нашата имагинација, пионерскиот дух и тркачките гени за да создадеме еден спортски автомобил на иднината со високи перформанси.


СО ГОЛЕМА СНАГА ДОАЃА И СИЛНА РЕАКЦИЈА.
Подготвени сте да излезете на отворен пат. И со вртежен момент кој предизвикува стравопочит и произлегува од 2-литарскиот TwinPower Turbo мотор со четири цилиндри, можете да достигнете брзина од 62 mph (100 км/ч) за нешто повеќе од шест секунди.


ТРКАЧКИ ИЗГЛЕД. ШАМПИОНСКИ ДУХ.
Моделите на John Cooper Works се создадени да предизвикаат возбуда - дури и пред да влезете во нив. Смел изглед инспириран од тркачките автомобили, материјали со најдобар квалитет и низа визуелни подобрувања ги ставаат моделите на John Cooper Works во своја сопствена категорија. Покрај тоа, тие се достапни во ексклузивна Rebel Green боја– модерна врзија на класичната британска боја за тркачките автомобили.


ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ JCW МОДЕЛИТЕ.
Кога сте зад управувачот на John Cooper Works, загарантирана ви е возбуда која може да се спореди со тркачките патеки. Нашите модели со врвни перформанси го добиле името по легендарниот John Cooper – и се најмоќни и најексклузивни MINI модели кои некогаш биле направени.


MINI JOHN COOPER WORKS HATCH.
Класика со импресивно тркачко наследство. Како директен потомок на победничките автомобили на John Cooper, нашиот MINI JCW Hatch ќе се поврзе со тркачот во вас. Тој лесно ги спојува снагата, агилноста и длабочината на инженерството. И неговото кусо растојание меѓу оските го доведува чувството на низок центар на гравитација до екстремност, така што ќе почнете со нетрпение да го очекувате следниот свијок на патот.


MINI JOHN COOPER WORKS CONVERTIBLE.
Почувствувајте го ветерот во косата и адреналинот во крвта. MINI John Cooper Works Convertible се гордее со елегантен, спортски дизајн и страотни перформанси.


MINI JOHN COOPER WORKS CLUBMAN.
Во моделот MINI John Cooper Works Clubman, ние ги споивме сестраните перформанси и префинетиот дизајн. Со 231 hp под хаубата и погон на сите четири тркала за дополнително лепење на пневматиците на патот на оние возбудливи свијоци, нема да морате да правите компромис за да постигнете JCW високо-октанска забава. И со својата значителна големина и поделените врати назад, тој исто така е флексибилен за секоја пригода.


MINI JOHN COOPER WORKS COUNTRYMAN.
Ова е John Cooper Works направен за авантуристи. Со својата импресивна снага, големина и стандардниот погон на сите четири тркала., тој ќе ве однесе каде и да ве носи патот, па дури и подалеку.
MINI John Cooper Works hatch со 3 врати
Одберете го типот на гориво:
Бензин
231 к.с.
170 кВт
convertible
Одберете го типот на гориво:
Бензин
231 к.с.
170 кВт
clubman
Одберете го типот на гориво:
Бензин
231 к.с.
170 кВт
countryman
Одберете го типот на гориво:
Бензин
231 к.с.
170 кВт
MINI John Cooper Works hatch со 3 врати
Одберете пренос:
convertible
Одберете пренос:
clubman
Одберете пренос:
countryman
Одберете пренос:
Ваш избор
John Cooper Works 3 Door Hatch
170 кВт
(231 к.с.)
Бензин
Рачен
2-тркала
Fuel Consumption & Emissions
(NEDC disclaimer)
6,6
л/100 км
(комбинирано)
150
г/км
CO2 (комбинирано)
Ваш избор
John Cooper Works 3 Door Hatch
170 кВт
(231 к.с.)
Бензин
Спортски автоматски
2-тркала
Fuel Consumption & Emissions
(NEDC disclaimer)
5,7
л/100 км
(комбинирано)
130
г/км
CO2 (комбинирано)
Ваш избор
John Cooper Works Convertible
170 кВт
(231 к.с.)
Бензин
Рачен
2-тркала
Fuel Consumption & Emissions
(NEDC disclaimer)
6,7
л/100 км
(комбинирано)
152
г/км
CO2 (комбинирано)