ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТ

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТ

BMW Group го цени вашиот интерес за своите производи и вашата посета на оваа веб страница.

ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ.

Кога ги користите нашите услуги, можеби ќе биде побарано од вас да дадете лични податоци. Обезбедувањето на овие информации е доброволно. Вашите лични податоци се користат во строга согласност со германските закони за заштита на податоците.

 

Личните податоци доставени на веб страниците на BMW AG се користат како дел од постапката за договори и за обработка на вашите барања. Обработката и користењето на вашите податоци за консултации, рекламирање и истражување на пазарот се одвива само со ваша експлицитна согласност.

 

Доколку, кога давате согласност за целите наведени погоре, исто така, давате и дозвола вашите податоци да ги користат други BMW AG организации или дополнително именувани трети лица, и, вашите податоци, може да се пренесат на овие лица. Доколку ова не е случај, вашите податоци нема да бидат префрлени на други лица.

УПОТРЕБА НА FACEBOOK СОЦИЈАЛНИ ПРИКЛУЧОЦИ.

Една од карактеристиките на интернетското присуство на BMW AG е тоа што ги користи таканаречените социјални приклучоци (,,приклучоци') од социјалната мрежа facebook.com, која ја управуваат Facebook Inc., 1601 S. California Ave, Palo Alto, CA 94304, САД (,,Facebook"). Овие приклучоци се означени со логото на Facebook.

 

Кога ќе пристапите до веб страницата на BMW, вашиот прелистувач воспоставува директна врска со серверите на Facebook. Содржината на приклучокот е пренесена од Facebook директно на вашиот прелистувач, кој потоа го интегрира во веб страницата.

 

Интеграцијата на приклучокот предизвикува Facebook да ги прима информациите до кои сте пристапиле на соодветната страница на BMW AG на интернет. Ако сте најавени преку Facebook, вашата посета може да се додели на вашата Facebook сметка. Обрнете внимание дека размената на овие информации веќе се одвива кога ќе не посетите на интернет во рамките на овој домен, без оглед на тоа дали комуницирате со приклучокот или не. Ако комуницирате со приклучоците, како на пример со притискање на копчето ,,Like", соодветните информации се испраќаат директно до Facebook од вашиот интернет прелистувач и се зачувуваат таму.  Во белешките за заштита на податоци на Facebook (http: // www.facebook.com/policy.php) можете да најдете информации за целта и степенот на добивање податоци, како и за начинот на кој податоците се обработуваат понатаму и се користат од Facebook, заедно со вашите права и опционални поставки за заштита на вашите приватни информации.

 

Ако не сакате Facebook да собира податоци за вас преку нашето присуство на интернет, мора да се одјавите од Facebook пред да ја посетите веб страницата на BMW AG.