dam Image
ИЗМЕНИ ВО СТАТУТАРНИТЕ ТЕСТ МЕТОДИ ЗА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО, ЕМИСИИ И ЗАГАДУВАЧИ.

ПОГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ ЗА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ. ПОМАЛА НЕЈАСНОТИЈА.

Во 1992 година, бил претставен Новиот европски циклус на возење (NEDC скратено). Од тогаш, оваа процедура се користи за да се утврди потрошувачката на гориво и вредностите на емисиите за возилата. Сепак, условите на овие лабораториски тестирања секогаш содржеле неповолни околности во однос на реалните вредности за потрошувачка на гориво и емисии на штетни гасови.

Поради тоа, до есен 2018 година, нов циклус на возење наречен WLTP (Глобално усогласена тест постапка за лесни возила) постепено ќе ја замени NEDC.

Ова лабораториско тестирање исто така ќе биде надополнето со тест на емисии кое ќе ги мери загадувачите директно на патиштата:RDE (Мерење емисии во услови на реален сообраќај).

ОД NEDC ДО WLTP.

ПОРЕАЛНИ ВРЕДНОСТИ ЗА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО И ЕМИСИИ НА ШТЕТНИ ГАСОВИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ПОРЕАЛНИТЕ УСЛОВИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ.

WLTP е нова, законски обврзувачка процедура за тестирање за сите производители на автомобили, со која се утврдуваат вредностите на емисиите на штетните издувни гасови и потрошувачката на гориво. Со тоа што се изедначуваат условите за тестирање со оние во реалниот живот, WLTP овозможува добивање вредности кои се порелевантни во праксата. Една од промените е значително подолго траење на тестовите (30 наместо 20 минути), како и редефинирани, значително повисоки брзини на тестирање.

За да се добијат попрецизно утврдени CO2 емисии, новата постапка на тестирање вклучува не само опции со стандардна опрема - како што било претходно - туку вклучува и опции со специјална опрема на возило. Ова во комуникацијата ќе создаде две вредности за секој тип на возило: најниска и највисока возможна вредност на стандардна потрошувачка, според опциите на опремата.

Во случај кога има специфична конфигурација на возило, сепак, индивидуалната стандардна вредност може да се покаже директно.

Благодарение на WLTP, можете подобро да ја процените потрошувачката на горивото на возилото и CO2 емисиите во иднина. Бидејќи овие вредности ќе се мерат на пореалистичен начин од претходно, може да се очекуваат повисоки вредности на потрошувачка на гориво и CO2 за возила со мотори со внатрешно согорување. Во однос на електрични возила, електричниот опсег ќе се намали.

MINI веќе работи на преминувањето на новата процедура за тестирање и постепено го подготвува портфолиото на производите со новите возила, новите верзии на мотори или техничките ревизии. Ова ќе овозможи целосна услогасеност со WLTP за целиот возен парк на BMW групацијата.

Од септември 2018 година, сите производители на автомобили во рамките на ЕУ, како и во Швајцарија и Турција, ќе имаат законска обврска да произведуваат само возила кои биле тестирани во согласност со WLTP постапката. Преминот во рамките на пазарите ќе зависи од соодветните државни закони. Сепак, до декември 2020 година, сите земји кои ги прифаќаат ЕУ легислативите за одобрување на возила, мора да ги покажат WLTP вредностите за сите возила.

“Новиот тест ќе обезбеди лабораториските мерења подобро да ги одразуваат перформансите на автомобилот на патиштата.”* 
     

– Европска асоцијација на производители на автомобили 

 

WLTP: НА ПРВ ПОГЛЕД.

Дознајте повеќе за транзицијата кон системот WLTP.

WLTP ВО СПОРЕДБА СО NEDC.

Ова се специфичните разлики меѓу старите и новите процедури за тестирање.

Услови за тестирање
NEDC
WLTP
Времетраење на тестирање 20 мин.
30 мин.
Растојание на тестирањето
11 км
23.5 км
Време поминато во место
25%
13%
Фази на тестирање
Градска средина/терен (комбинирано)
Ниска, средна, висока, екстра висока, (комбинирано); (плус „City“ за електрични возила и возила со приклучок со хибриден мотор со трансмисија)
Брзина
Просек: 34 км/час Максимум: 120 км/час Просек: 46.6 км/час Максимум: 131 км/час
Температура 20–30° C Старт со ладен мотор 14° C (тестирано на 23° C коригирано за 14° C) Старт со ладен мотор
Опции за специјална опрема
Не е земено во предвид
Сите опции на опрема се земени во предвид во однос на нивното влијание врз аеродинамиката, тежината и отпор при тркалање.

РЕАЛНИ ЕМИСИИ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ НА ЗАГАДУВАЧИТЕ НА ПАТИШТАТА.

Покрај WLTP, RDE (Реални вредности на емисии при возење) исто така ќе биде задолжително за сите производители на возила, почнувајќи од септември 2018 година. Во овие RDE тестови, емисиите на загадувачите како што се честичките и азотните оксиди (NOx) се мерат директно на патиштата. Методата ги утврдува просечните вредности на емисиите што може да се очекуваат во текот на секојдневието.

Со цел дополнително да се намалат овие вредности на загадувачите, MINI користи разни технологии за намалување на емисиите на издувните гасови кај своите модели: мерките вклучуваат BluePerformance со SCR (Селективна каталитичка редукција) и филтер за честички кај дизел возилата како и филтер за честички кај бензинските возила. На овој начин, MINI успева да се усогласи со најниските граници на вредностите на EU6c стандардот за емисии на издувни гасови, што е задолжителен за сите нови возила, започнувајќи од есента 2018 година. EU6c стандардот за емисии на издувни гасови препорачува пониски граници за возила со бензински мотори, во споредба со EU6b. Истите граници се однесуваат и за возила со дизел мотори во циклусот на EU6b, како и на EU6c.

ЕУ СТАНДАРД ЗА ЕМИСИИ НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ.

dam Image

НАМАЛУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРЕДИЗВИКОТ.

ЕУ стандардот за емисии на издувни гасови ги дефинира важечките граници за емисии на издувни гасови како што се азотни оксиди и честички, во рамките на ЕУ. Границите варираат во зависност од моторот и типот на возилото. За да се подобри квалитетот на воздухот и да се заштити климата, границите претрпуваат значителни зголемувања. Ова создава нови предизвици за производителите на автомобили.

RDE: Новата процедура на прв поглед.

Дознајте повеќе за новата процедура за тестирањето на загадувањето.

ВАШИ ПРАШАЊА. НАШИ ОДГОВОРИ.

ШТО Е WLTP?

Кратенката WLTP означува „Глобално усогласена тест постапка за лесни возила”.

Ова подразбира една нова тест процедура за пореално утврдување на вредностите за потрошувачка на гориво и СО2 емисии на возилата, која ќе биде законска обврска за сите возила, започнувајќи од септември 2018 година. WLTP постепено ќе ја замени претходно применливата NEDC процедура. 

> Дополнителни информации може да добиете тука

ШТО Е WLTP ЦИКЛУС НА ВОЗЕЊЕ?

Потрошувачката на горивото и емисиите на штетните гасови на едно возило зависат од стилот на возење. Поради тоа, беа собрани разни податоци за возење за WLTP низ целиот свет. Овие податоци беа искористени да се дефинираат 4 репрезентативни фази со различни просечни брзини: мала, средна, голема и екстра голема брзина. Во рамките на секоја од овие фази, постојат различни интензитети на забрзување, сопирање и запирање со цел да се опишат ситуации кои се соодветни за секојдневниот стил на возење. Комбинацијата на овие фази потоа создава еден циклус на возење.

КАКО РАБОТИ MINI СО НОВАТА WLTP ПРОЦЕДУРА?

MINI веќе работи на преминот во новата процедура за тестирање и постепено го подготвува портфолиото на своите производи со нови возила, нови мотори или технички ревизии. Ова ќе овозможи целосна услогасеност со WLTP за целиот возен парк на BMW групацијата.

ШТО ЗНАЧИ WLTP ЗА МЕНЕ?

Благодарение на WLTP, имате подобар начин да ја процените просечната потрошувачка на горивото на возилото и CO2 емисиите. Во исто време пак, пореалните вредности исто така ќе значат и поголеми вредности на потрошувачка на гориво и CO2 за возила со мотори со внатрешно согорување и помал електричен опсег за електрични возила (вклучувајќи ги и хибридите со приклучок.)

> За дополнителни информации погледнете тука

ШТО Е RDE?

Кратенката RDE значи „Реална емисија на гасови при возење“. Ова е нова постапка која ги определува загадувачите како што се азотни оксиди и бројот на честичките. Суштинската карактеристика е дека мерењата се одвиваат на патиштата во реални услови на возење, а не во лабораторија. За таа цел, еден уред, познат како Преносен систем за мерење емисии (PEMS скратено), се закачува на издувната цевка на тест возилото.

> Дополнителни информации може да добиете тука

ШТО Е EU6?

Euro 6 е назив на стандардот за тековните емисии на издувни гасови за загадувачите. Тој дефинира пониски дозволени вредности за бројот на честичките и емисиите на азотен оксид од EU5. Од есен 2018 година, EU6c стандардот за емисии на штетни гасови ќе стане задолжителен, а во споредба со EU6b, тој наведува дури и пониски граници за создржина на бројот на честички во возила со бензински мотори. Истите вредности за граничен праг се применуваат и за возила со дизел мотори во циклусот за EU6b, како и за EU6c.

ШТО ЗНАЧИ СЕЛЕКТИВНА КАТАЛИТИЧКА РЕДУКЦИЈА (SCR)?

За да можат дополнително да се намалат вредностите на емисиите на издувни гасови на едно возило, течен азот, наречен AdBlue, се додава во дизел моторите. Тој реагира со азотните оксиди и соодветно ги намалува. Она што останува е вода, азот и CO2.

ШТО Е BLUEPERFORMANCE?

MINI ја користи BluePerformance технологијата за дополнително да ги намали емисиите на азотен оксид на своите возила. Оваа технологија овозможува дополнително оптимизирање на емисиите на штетните гасови од дизел моторите. Покрај филтерот за дизел честички и NOx каталитичкиот конвертор, во некои модели SCR каталитички конвертор (SCR = Селективна каталитичка редукција) со AdBlue инјектирање гарантира значително намалување на азотните оксиди што се наоѓаат во издувните гасови.

ШТО Е ФИЛТЕР ЗА ЧЕСТИЧКИ?

Филтерот за честички е мерка за намалување на материјата со честички која се наоѓа во дизел моторите, а во последно време и во бензинските мотори.