dam Image

Изгубеното богатство.

"Во 2012 година, бил пронајден еден од најстарите светски познати холандски класични Mini автомобили - скриен од светот во еден осамен амбар во северниот дел на Холандија. Кратко време по неговото откривање MINI Netherlands (Холандија) го сфатија потенцијалот на тоа откритие и започнаа со еден амбициозен инженерски проект на реставрација. "

dam Image

ИСТОРИЈАТА.

Целосно оригинален бел Austin 7 Classic Mini од 1959 година се покажа дека е еден од оригиналните 30 што биле направени во 1959 година во Холандија и претставува некои оригинални холандски карактеристики. Преку 4 000 MINI автомобили биле направени во Моленар фабриката за автомобили во Амерсфорт. Додека голем број од деловите биле обезбедени директно од Обединетото Кралство, внатрешниот тапацир на овој класичен MINI бил направен локално и - интересен податок - исполнет со коњски влакна! Бидејќи неговиот прв сопственик никогаш не заминал подалеку од неговата провинција, а вториот сопственик го чувал заштитен во својот амбар за време на 80-тите години, ова парче историја на MINI автомобилот за среќа, останал недопрен.

dam Image

ТИМ ЗА РЕСТАВРАЦИЈА.

Mini автомобилот бил детално расклопен, дел по дел и постепено склопен. Кога тоа било возможно, биле направени копии на оригиналните делови на кои им биле посветено детално внимание. Некои од нив биле повторно составени рачно а на други им бил направен целосен ремонт. MINI заедницата беше драгоцен дел од тимот и помагаше да се најдат ретките делови од сите делови на светот. Имајќи ја оригиналната боја од 1959 година, Farina Grey, еден од најстарите MINI автомобили во светот беше како нов и подготвен да започне нов живот исполнет со авантури.

MINI Clubman инструмент табла и управувач

ГОЛЕМОТО ОТКРИВАЊЕ.

MINI Clubman е подолг и поширок од претходниот модел - и тоа што го доби, мудро го користи. Дополнителниот простор овозможува поставување на пет седишта, четири врати и карактеристична поделена задна врата за да се овозможи комфор и практичност.