КЛУЧНИ СПЕЦИФИКАЦИИ

mini РАКУВАЊЕ, ПОВЕЌЕ РАЧКИ

Прикажан модел: MINI Cooper со 5 врати- Favoured Trim
Макс. Моќност

156 kW / 204 кс

Макс. брзина

242 км/ч

Макс. Забрзување 0-100 km/h

8,0 s

Харизмата на Cooper — прикажана во нејзината најразновидна форма.

Вљубете се до уши во MINI Cooper со 5 врати — легендарниот Cooper со дополнителна практичност и засилено „картинг“ возачко искуство што сигурно ќе ви измами насмевка.

Блескави аспекти

ОРИГИНАЛНАТА ЛЕГЕНДА, ИСТОТО БРМ БРМ, НО СО ПОВЕЌЕ ПРОСТОР.

Го намаливме нередот преку нов, чист и минималистички дизајн и додадовме многу повеќе од она што го сакате.
Станува збор за бројни нови технологии, системи за помош при возење, подобрен амбиент во кабината и поголема моќност од кога било досега.

ОДИ НА КАРТИНГ ИЛИ ОДИ СИ ДОМА.

Со својот возбудлив низок центар на гравитација и чувството на картинг, MINI Cooper 5-Door со турбо полнење обезбедува агилност во кривините што ја очекувате — но со повеќе врати, повеќе простор за нозе и повеќе простор за багаж.

ПОВЕЌЕ СТАНДАРДНА ОПРЕМА.

Искусете повеќе стандардна опрема од кога било - без дополнителни трошоци! MINI Cooper 5-Door стандардно Ви нуди најсовремен инфозабавен систем, напредна автоматска контрола на климата и безбедносни карактеристики како асистент за одржување на лента и асистент за паркирање. Возете поудобно и побезбедно - со нашата нова, проширена основна опрема.

Суштинско MINI

Со разиграните кружни фарови и впечатливите дизајни на покривот, MINI Cooper 5-Door е главната ѕвезда на секоја улица. Инвентивните бои на покривот, како Energy Silver, ја носат персонализиацијата и контрастот до нови височини благодарение на привлечните нијанси и градиенти. 

БЕЗБРОЈ КОМБИНАЦИИ.
ВАШ СТИЛ.
НАПРАВЕТЕ ГО ОВОЈ mini ДА БИДЕ ВАШ.

Ослободете ја Вашата креативност! Од смели екстериери до персонализирани ентериери, секој детал може да биде прилагоден за да одговара на Вашиот стил и потреби. Изберете боја, која било и направете го овој MINI навистина Ваш. Плус, со избор на легендарни ленти и додатоци на хаубата, можете совршено да го комплетирате изгледот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ВРАТИ. ДОПОЛНИТЕЛНА ЗАБАВА.

Сместете се во извонредно просторниот ентериер — кој може удобно да собере до пет возрасни. А паметно дизајнираниот багажник може лесно да се конфигурира да даде до 1.005 литри простор — носејќи сè, од прехранбени производи до куфери и до каква било опрема за сите Ваши авантури.

DIGITAL EXPERIENCE

Од револуционерниот кружен дисплеј до нашиот прв интелигентен личен асистент, MINI Cooper 5‑Door е опремен со најновата прогресивна технологија, правејќи го секое патување поудобно и подобро поврзано од кога било досега.

АСИСТЕНЦИЈА ЗА ВОЗЕЊЕ И БЕЗБЕДНОСТ.

Вашиот MINI Cooper со 5 врати е дизајниран да Ве чува на безбедно и сигурно при секое возење. Опремен со напредни безбедносни карактеристики, Вашиот MINI секогаш ги држи на око потенцијалните опасности. Без разлика дали менувате ленти, возите наназад или едноставно отворате врата, визуелните и звучните предупредувања се тука за да Ви помогнат, за да можете да уживате во возбудата на отворениот пат со мир во душата.

THE LINE UP

ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО MINI COOPER.

THE MINI COOPER.

Откако ќе ја доживеете агилноста на MINI Cooper во кривина, ќе бидете во искушение да се возите по подолгиот пат многу почесто. Неговото возбудливо ракување како на картинг е напојуваноп од турбо мотор TwinPower со поголема моќност од кога било досега.

НАПРАВЕТЕ ГО СЛЕДНИОТ ЧЕКОР.

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Од 1 јануари 2024 година, моделите MINI се продаваат преку директна продажба во Италија, Полска и Шведска.

Од 1 јануари 2024 година, сите нови MINI автомобили и користени автомобили во сопственост на MINI се продаваат директно преку BMW Group. Вашиот MINI Партнер останува Ваш примарен контакт кога станува збор за физички средби. Со моделот за директна продажба, MINI го подобрува директниот пристап на клиентите за да ги подобри своите услуги онлајн и офлајн.
Да! Доколку сакате да направите измени на Вашата нарачка, Вашиот MINI партнер ќе ви помогне.

Можете да ја откажете Вашата нарачка во секое време. Едноставно контактирајте го Вашиот MINI Партнер кој ќе Ви помогне.

Не се потребни закажувања. Можете да го нарачате Вашиот нов MINI од новото семејство New MINI Family онлајн 24/7, во секое време и каде било.
Нема да има разлика во понудената цена. Цената е усогласена без разлика дали ќе направите нарачка онлајн или со поддршка од нашите експерти кај кој било од нашите MINI партнери (дилери).
Овде во MINI го добивате најдоброто од двата света. На пример: Направете го Вашето истражување онлајн и започнете ја конфигурацијата, доколку имате прашања или претпочитате лична помош, добијте поддршка кај некој од Вашите локални MINI партнери. Можете да ја финализирате Вашата нарачка или кај кој било од нашите MINI партнери или онлајн.

Да, може да го направите MINI Cooper 5-Door по Ваш вкус благодарение на широката палета на бои на каросеријата. Исто така, постои опција навистина да го подобрите изгледот со некоја од нашите специјални повеќебојни палети на боја за кровот. Можете дополнително да конфигурирате во зависност од Вашиот стил на живот благодарение на големата палета на опции. На пример, има нивоа на стил со специјално комбинирани пакети со опрема кои Ви дозволуваат дополнително да го персонализирате Вашиот MINI Cooper 5-Door според Вашиот личен вкус. Стилот Essential доаѓа како стандард. Може индивидуално да го конфигурирате нивото на комфорт, спортското ниво или стилот на Вашиот MINI преку стиловите Essential, Classic, Favoured или JCW.

MINI Cooper 5-Door доаѓа со удобноста на автомобилот во голем град без да го изгуби тоа легендарно MINI go-kart чувство. Тоа е во суштина поголемиот брат на MINI Cooper и Ви ја дава истата препознатлива ретро-модерна силуета и компактно тело - но имате повеќе простор за поголеми планови. Во него може да се сместат до 5 патници, што го прави идеален за возење со пријателите или семејството.
MINI Cooper 5-Door е многу разноврсен со своите пет врати и просторниот ентериер. Надвор од секојдневното патување, тоа е одлична опција за млади семејства кои сакаат да излезат и да шетаат. Конфигурацијата со 5 врати нуди импресивна пристапност, особено за патниците во задниот дел, и подобрена разноврсност за товарење багаж. Уште повеќе, сепак Ви го дава возбудливото искуство со картинг возење што го знаете од помалата верзија MINI Cooper.
MINI Cooper 5-Door нуди динамично возно искуство со одзивно ракување и карактеристики на перформансите слични на неговиот брат со 3 врати. Со својот TwinPower Turbo мотор, исто така може да биде и јак. Сето тоа со поголема ефикасност бидејќи ја намалува потрошувачката на гориво.

Да, во Вашиот MINI со оперативен систем 9, можете да ги прикажувате и управувате апликациите на Вашиот поврзан паметен телефон со Android Auto или Apple CarPlay во централниот инструмент (“MINI Interaction Unit” Единицата за интеракција).

Апликацијата MINI е Ваш идеален придружник за широк спектар на карактеристики и функционалности на возилото. Ве поврзува со Вашиот MINI и Ви овозможува моментален пристап до неговиот статус. Можете да проверите кога е следниот сервис, електричниот дострел и статусот на полнење, па дури и да ја користите апликацијата како дигитален клуч. Далечинските услуги Ви овозможуваат да го најдете возилото на голем паркинг, да ги заклучите или отклучите вратите и да ја прилагодите климата од далечина. Исто така, апликацијата нуди директен пристап до Вашиот MINI Service Centre.