ИСТО РАКУВАЊЕ.ПОВЕЌЕ РАЧКИ..

Внесете повеќе од вашиот живот во вашето MINI. Набавете го картинг погонот, врвниот дизајн и високо усовршените алатки, сега со повеќе простор и 5 врати за подобар пристап. Моментот којшто сите го чекавме.

Изглед на отворено MINI Hatch со 5 врати

ВЛЕГУВАЈТЕ.

Исклучително мал. Исклучително практичен. MINI автомобилот со 5 врати е само 161mm подолг од првичниот, но добивате многу повеќе. Покрај двете дополнителни задни врати, на задните седишта во возилото може да се сместат 3 патници за кои е обезбеден поголем простор за нозе. Багажникот, исто така, се карактеризира со уште 67l, со вкупна големина од импресивни 278l. Со турбо полнач и просторност, вистински победник. Време е да се фати патот.

MINI Hatch со 5 врати, MINI опции на возење. Релаксирано

СЕКОГАШ ВО ТРЕНД.

Дополнителните врати на MINI со 5 задни врати совршено се вклопуваат во изгледот. Со елемент кој заштедува простор, тие совршено се слеваат во лаковите од тркалата и со тоа се добива една интересна форма. Линијата на прозорецот елегантно се стеснува до задниот дел и суптилната карактеристична линија странично на возилото се стеснува кон тркалата, скратувајќи го изгледот и додавајќи динамика.

ДИЗАЈН ВО ДЕТАЛИ.

Погледнете го одблиску MINI Hatch со 5 врати. Ајде допрете го и уверете се.

Бои на каросерија за MINI Cooper Hatch со 5 врати.

БОИ НА КАРОСЕРИЈА

Изберете од широката палета на боите карактеристични за MINI. Заедно со стандардните бои Moonwalk Grey Ви нудиме Десет опциски бои: Pepper бела, Volcanic портокалова, Blazing црвена, Midnight црна, British Racing зелена, Deep сина, Thunder сива, Melting сребрена, White Silver and Chili црвена и темна и извонредно пигментирана специјална боја MINI Yours Lapisluxury сина.

MINI Cooper Hatch со 5 врати; стоп и старт.

КОПЧЕ ЗА СТАРТУВАЊЕ.

Обработено со црвени LED диоди, големото копче за стартување сигнализира нова авантура. Почувствувајте како вашиот MINI ќе оживее само се еде мал допир: Моторот работи, а вие сте подготвени да тргнете.

Поглед на каросеријата на MINI Cooper Hatch со 5 врати

Направете контраст на бои.

Деталите се важни: Изберете покрив и куќишта од ретровизорите во Aspen бела боја, Jet црна боја или боја на каросеријата. Сакате уште да правите комбинации? Изберете од палетата на модерни опциски дополнителни бои.

Внатрешност по мерка на MINI Cooper Hatch со 5 врати

ВНАТРЕШНОСТ ПО МЕРКА.

Стилизирана до совршенство. Може да ја приспособувате внатрешноста на повеќе начини отколку што може да замислите. Дотерајте ги малите детали на внатрешната површина, вратите, инструмент таблата и структуралните елементи, заедно со дополнетите опции на Линијата бои и Линијата на хромирани елементи.