THE MINI CLUBMAN.

Само еден поглед на MINI Clubman е доволен за да Ве обземе. Нагласен и различен, создаден да предизвика возбуда. Сега, пофункционален од било кога, тоа е MINI за сите пригоди.

ДИЗАЈН ВО ДЕТАЛИ.

Погледнете го подетално MINI Clubman.

MINI Clubman внатрешна инструмент табла и управувач.

НОВ ДИЗАЈН НА КАБИНАТА.

Со толку многу врвни технолошки карактеристики, добро е што MINI Clubman има целосно нов дизајн на кабината кој е иновативен како и технологијата која се наоѓа во неа. Нова централна конзола го ослободува просторот со тоа што ја отфрла традиционалната рачна сопирачка. Контролите се јасно обележани и видливи во рамката од лајсни во боја на кабината

MINI Clubman инструмент табла и управувач

НЕЗАБОРАВЕН КРАЈ.

Забележете ги карактеристичните, но сепак пристапните поделени врати на Mini Clubman. Кога ви се зафатени рацете, отворачот за лесно отворање во овозможува пристап без контакт со движење на стапалото под задниот браник - што може да се направи и со далечинска контрола. Хоризонталните светла, широките контури и атлетскиот став на задниот дел поттикнуваат восхит.

MINI Clubman инструмент табла и управувач

ПОВТОРНО ОТКРИЕН ПРОСТОР.

MINI Clubman е подолг и поширок од претходниот модел - и тоа што го добил, мудро се искористува. Дополнителниот простор овозможува поставување на пет седишта, четири врати и карактеристични поделени врати на задниот дел за удобност и практичност.

 Clubman инструмент табла и управувач

ЕЛЕГАНТНО ОПРЕМЕН.

На познатата хексагонална маска на MINI Clubman, големите тркалезни предни светла им е даден свеж и модерен изглед, додека новите дизајнерски линии додаваат елеганција заедно со впечатливите предни и задни спојлери и аеродинамичните отвори за воздух за предните тркала. Исто така, погледнете ја и обновената антена на покривот.

John Cooper Works

MINI JOHN COOPER WORKS CLUBMAN.

Во MINI John Cooper Works Clubman, ние направивме спој на разновидни перформанси со префинет дизајн. Со 231 hp под хаубата и погон на сите четири тркала за дополнителна стабилност на оние возбудливи свијоци, не треба да правите компромис за ништо од John Cooper Works забавата со високи октани. И со неговата раскошна големина и поделени врати во задниот дел, тој исто така е доволно флексибилен за секоја намена.