ДИЗАЈН

Влезете на голема врата и појдете каде што сакате.

Дизајнерската ДНК на MINI Countryman, совршена комбинација на модернизам и минимализам, со својата уникатна едноставност и носталгичен шарм, со сигурност ќе привлече внимание каде и да одите.

Видео кое детално ги прикажува внатрешноста и надворешноста на MINI Countryman. Камерата се поставува над контролната табла, истакнувајќи ги елементите на дизајнот. Видео кое детално ги прикажува внатрешноста и надворешноста на MINI Countryman. Камерата се поставува над контролната табла, истакнувајќи ги елементите на дизајнот.

ГОЛЕМА SUV ЕНЕРГИЈА.

Мускулозниот став на MINI Countryman е нагласен со октагоналната предна решетка, впечатливите LED фарови и моќната хауба. Кратките делови до браникот и елегантните контури ја дефинираат префинетата силуета.

УЖИВАЈТЕ ВО ВНАТРЕШНОСТА.

Опуштете се во кабината дизајнирана за максимална удобност.Со секој оптимизиран сантиметар и секое парче на своето место, ќе се чувствувате како дома уште од моментот кога ќе влезете.

МАНГУПОТ СЕ КРИЕ ВО ДЕТАЛИТЕ.

Каде и да погледнете, ќе откриете нешто ново и уникатно. Тркалата од лесна легура се похрабри, поелегантни и поаеродинамични. Шините на кровот сега се стандардна опрема и се црни со висок сјај. Дури и C-столбот има стилски нов дизајн.

ЛУКСУЗ ВО КОЈ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ДОБРО.

Ткаенината на нашиот текстил е направена од висококвалитетни, рециклирани материјали и е исткаена со уникатна 2D техника. Таа нуди луксузно чувство и служи како платно за волшебните проекции на различните MINI Experience Modes.

СОВРШЕНА ВНАТРЕШНОСТ.

Со четири стилски опции од кои можете да изберете, постои MINI дизајн кој ќе ви помогне да се изразите – Classic, Favorured, Essential и JCW. Секој стил доаѓа со карактеристики по нарачка и прилагодени детали за дизајн, од контролната табла и воланот, до тапацирот на седиштата и декоративните елементи.

Направете го следниот чекор.