ТРКАЧКИ ИЗГЛЕД. ДУХ НА ШАМПИОН

John Cooper Works моделите се созададени за возбуда – дури и пред да влезете во нив. Нагласен, натпреварувачки изглед, висококвалитетни материјали и пакет на визуелни подобрувања го сместуваат John Cooper Works во своја сопствена лига. Покрај тоа достапен е во нашата ексклузивна Rebel Green боја, модерна варијација на класичната British racing боја како потсетник на своето легендарно минато.

ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ.

СО ГОЛЕМА МОЌНОСТ СЕ ДОБИВА И СИЛНА РЕАКЦИЈА.

Подготвени сте да го фатите патот. И со величествениот вртежен момент што се добива од 2 литарскиот 4-цилиндричен TwinPower турбо мотор, можете да постигнете 100 км/час за само шест секунди. Низок центар на гравитација, голема брзина на моторот и прецизно ускладено потпирање ви даваат максимално чувство на возење картинг на секој свијок, додека сопирачките со високи перформанси цврсто ја одржуваат контролата во секое време. Откако ќе влезете, нема да сакате да излезете.

John Cooper Works спортски седишта.

JOHN COOPER WORKS СПОРТСКИ СЕДИШТА.

Поставени во врвна положба блиску до асфалтот, John Cooper Works спортските седишта се дизајнирани да ви овозможат целосна контрола над извонредната снага што ја имате под вас. Особено ќе ви се допадне дополнителната странична потпора кога остро ќе влегувате во свијоци во вистински MINI картинг стил. Со интегрирани потпирачи за глава, John Cooper Works амблем и опционален тапацир во кожа/Dinamica, John Cooper Works спортските седишта исто така имаат изглед на ексклузивност што е соодветен за автомобил со овие карактеристики.

Специјално дизајнирани за John Cooper Works  18 и 19 инчни тркала од лесна легура за да издржат силни притискања на сопирачката.

СОПИРАЧКИ И ТРКАЛА.

John Cooper Works е посветен на екстремно возење и забава со највисоко ниво на прецизност. Но, најдобрите перформанси бараат и цврста контрола и стабилност, особено кога возите по свијоци со големи брзини. Така што за таа цел ние специјално дизајниравме 18 и 19 инчни тркала од лесна легура за да може да издржат силни притискања на сопирачките. Во смела Chili црвена боја со John Cooper Works амблем, 4-клипни фиксирани сопирачки со стеги ви овозможуваат моќ на сопирање што ви е потребна за брзо влегување во свијоци и брзо менување на брзината.

John Cooper Works заден спојлер дава дополнителен аеродинамичен ефект.

ЗАДЕН СПОЈЛЕР.

Спортскиот John Cooper Works заден спојлер ви овозможува да добиете дополнителен аеродинамичен ефект, го намалува челниот отпор на воздухот и применува надолен притисок кој го одржува автомобилот цврсто прилепен на патот. Како што можете да видите ние не го дизајниравме само да изгледа добро. Иако тоа навистина е точно.

John Cooper Works спортското потпирање овозможува совршено управување.

АЕРОДИНАМИЧЕН ПРЕДЕН БРАНИК.

Дишењето е клучот за добри перформанси. Поради тоа, ние го опремивме John Cooper Works предниот браник со големи отвори за воздух како и со дополнителен ладилник кои ќе го одржуваат моторот и сопирачките на идеална температура за да се добијат врвни перформанси и издржливост. Со впечатливиот тркачки дизајн и со John Cooper Works амблемот, сопирачките и моторот не се единствените што ќе бидат повеќе „кул“.

John Cooper Works - палета на модели.

НАПРАВЕТЕ ГО СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ ЕДЕН ТРКАЧКИ КРУГ.

Кога сте зад управувачот на еден John Cooper Works, загарантирана е возбуда која може да се доживее на тркачка патека. Нашите модели со врвни перформанси се именувани според легендарниот Џон Купер - човекот кој го претворил оригиналниот Classic MINI во Mini Cooper подготвен за трки - и го пласирал во светот на трките каде дури не ни помислувале дека тоа е возможно. Денес, тие се најмоќните и најексклузивните модели на MINI кои некогаш биле направени. И со едни фасцинантни перформанси, подобрени делови и спортски изглед, тие се специјално изработени за да го забрзаат чукањето на вашето срце и да го подигнат адреналинот.