epaasBanner.content.text


ПОТПОЛНО ЕЛЕКТРИЧЕН MINI.
НАПОЛНЕТ СО СТРАСТ.
Прифатете го неочекуваното. Доживејте ново уживање. Првиот потполно електричен MINI навестува еден еволуциски чекор што го спојува MINI картинг чувството и култниот дизајн со решителна одржливост. Брзината и забрзувањето остануваат исти. И се уште е тука ставот што го сакате и што го афирмира животот. Но ова е многу повеќе од тоа. MINI е најинтензивен - ве зајакнува на сосема ново ниво. Преминете на новиот урбан електричен стил на животот.

БИДЕТЕ ЕДЕН МЕЃУ ПРВИТЕ.


ЕЛЕКТРИФИЦИРАН СПОРЕД ДИЗАЈНОТ.
Отворајќи едно ново поглавје во нашата историја, првиот потполно електричен MINI го комбинира инвентивниот дух на MINI, креативната употреба на просторот и култниот дизајн. Модерната естетика ги спојува аеродинамичните линии со препознатливите детали. Сигурен е, но и шармантен - што го прави совршен избор за неконвенционалните возачи. Покрај тоа, на располагање ви се четири нивоа на опрема, што ви дава изобилие на возбудливи начини за индивидуализација на својот потполно електричен MINI однадвор и однатре. Отворете еден нов пат - можностите се наелектризирани.




КАКО ЕЛЕКТРИЧНОТО ВОЗЕЊЕ ЈА РАСКАЖУВА ПРИКАЗНАТА.
Го преземавме препознатливиот стил на MINI и картинг управувањето и додадовме прогресивна нова димензија - електрифизирано возење. Искусете една нова урбана самодоверба и мир на умот знаејќи дека не само што помагате патиштата да бидат потивки, а воздухот што го дишеме почист - туку и дека вашите денови на бензински пумпи се завршени. Чувствувајте се моќно дека можете едноставно да ја наполните батеријата каде било - дома, на работа или додека уживате на вечера во градот. Чувствувајте се богато знаејќи дека правите разлика - овозможувате поздрав урбан живот.



БИДЕТЕ ЕДЕН МЕЃУ ПРВИТЕ.

НОВИОТ MINI COUNTRYMAN PLUG-IN ХИБРИД.
Со првокласниот MINI TwinPower Turbo мотор и врвен погон, магичниот MINI Countryman Plug-in Хибрид Ви го нуди најдоброто од двата енергетски света. Исто така, може да се пофали и со сериозни off-road способности.
MINI Cooper SE Countryman ALL4 Потрошувачка на гориво (комбинирано): 2.5 – 2.4 л/100 км Емисија на CO2 (комбинирано): 56 - 55 г/км