Looks like the MINI you've been you-ifying hasn't been saved. If you'd like to come back and keep tinkering, save it and give it a sweet name so you can pick up where you left off

 

Your unique MINI, Your unique MINI,

Your MINI - exterior Your MINI - interior

REQUEST AN OFFER.

BOOK A TEST DRIVE.

The all-electric MINI side view
3-DOOR HATCH COOPER SE
MINI 3-door Hatch side view
3-DOOR HATCH
MINI 5-door Hatch side view
5-DOOR HATCH
MINI Convertible side view
Convertible
MINI Clubman side view
Clubman
MINI Countryman side view
Countryman
MINI John Cooper Works side view
john-cooper-works
MINI John Cooper Works logo

КАКО ПОТПОЛНО ЕЛЕКТРИЧНИОТ MINI СЕ ВКЛОПУВА ВО ВАШИОТ СТИЛ НА ВОЗЕЊЕ.

Светла и електрична иднина. Но, ако сè уште не сте убедени, еве неколку убедливи начини на кои ќе се прилагоди на вашата рутина и начинот на возење. Препуштете се на електричната иднина.
The all-electric MINI The all-electric MINI

232 km

Домет (WLTP)

2.5 hrs

80% SOC (11 kW, AC)

32.6 kWh

Капацитет на батерија (номинално, 28.9 kWh )

35 мин

80% SOC (50 kW, DC**)

50 kW

Направено за брзо полнење со CCS

3.7 kW

Стандарден кабел е вклучен

The all-electric MINI The all-electric MINI

ЗАПОЧНЕТЕ ГО СЕКОЈ ДЕН ЦЕЛОСНО НАПОЛНЕТИ.

The all-electric MINI The all-electric MINI

1

ноќно полнење

1

неделно полнење

The all-electric MINI The all-electric MINI

НОВ РИТАМ НА ЖИВОТ.

Оној момент кога ќе почнете да го возите потполно електричниот MINI, нема да уживате само во забавните перформанси, мазното, силно забрзување и тивното возење. Потполно електричниот MINI ви отвора и потполно нова рутина и начин на живот. Најпосле, можете да го „наполните“ потребното гориво, кога и да посакате - дома.
Electric MINI – полнење – електричен приклучок

НАПОЛНЕТЕ ГО ДОМА.

Всушност не ви треба никаква посебна инсталација или единица за полнење дома. Сè што треба да направите е да го приклучите во кој било електричен приклучок од 230 вати (SchuKo) – и да се опуштите.

Нашите истражувања ни покажуваат дека просечниот патник дневно користи помалку од 20% од батеријата на MINI Cooper SE. Дури и да го користите својот вообичаен електричен приклучок дома, овие 20 % се полнат за околу 3 часа.

МОЖЕТЕ ДА ГО ПРАВИТЕ ТОА ДОДЕКА СПИЕТЕ.

Најпосле можете да имате сè. Разбудете се наутро, целосно одморени со „полн резервоар“ и започнете го денот, полни со енергија.

Исто како и вашиот мобилен телефон, својот потполно електричен MINI можете да го приклучите ноќе во електричен приклучок и ќе биде целосно наполнет (околу 15 часа).

Ако случајно се паркирате во подземно паркиралиште, можете да се распрашате дали е можно да се инсталира едноставен SchuKo приклучок на вашето место на паркиралиштето.

Electric MINI – полнење дома – кабел и приклучок

ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ.

Еден интересен факт е тоа што бидејќи електричната енергија во домаќинството се наплаќа по киловат/час, финансиски нема да ви биде важно дали својот MINI ќе го наполните побрзо - или побавно.
Electric MINI – MINI Wallbox – полнење дома

ЅИД ОД СНАГА.

Кабелот за полнење секогаш можете да го користите дома или на патување, освен тоа кабелот можете да го поставите на ѕидот во паркиралиштето и да го користите како алтернатива на ѕидна кутија. Во овој случај е неопходна посебна фазна инсталација од 11 kW која ќе обезбеди до 3 пати побрзо полнење. Така вашиот потполно електричен MINI може потполно да се наполни во рок од околу 3.5 часа.

За да инсталирате трофазен извор на сила од 11kW, ќе ви треба помошта на овластен електричар. Ако сте заинтересирани за инсталација на MINI Wallbox, со задоволство ќе ви помогнеме да пронајдете такво стучно лице во вашата околина.

ПАРКИРАЈ. НАПОЛНИ.

The all-electric MINI The all-electric MINI

До 20 пати побрзо

(со DC полнач од 50 kW)

0 потрошено

време

The all-electric MINI The all-electric MINI

ПОЛНЕЊЕ НАДВОР ОД ДОМА.

Колку и да сакаме да го возиме својот MINI, сепак мора одвреме-навреме да го паркираме - и тоа најчесто поголем дел од денот.
Electric MINI – јавно полнње – на работа

ДВОЈНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО ПОМИНАТО ВО ПАРКИРАЊЕ.

Со својот потполно електричен MINI, можете добро да го искористите ова време искористувајќи го сè поголемиот број на места за полнење на јавните паркиралишта.

Сè поголем број на супермаркети, трговски центри и продавници за мебел нудат бесплатно користење на нивната AC и DC, станици за полнење или троструки полначи на своите паркиралишта. Сè поголем број на хотели исто така сакаат да бидат поеколошки ориентирани и вложуваат повеќе напор да им олеснат на своите гости со електрични возила. А некои паркиралишта со повеќе катови исто така тудат и електрични паркинг места без дополнителни трошоци.

Флексибилно и чисто.

Можете да го наполните својот потполно електричен MINI со опциски кабел Mode 3 на јавните станици за полнење од 11 kW.

Неколку јавни станици за полнење се опремени со наизменична струја (AC) преку конектор тип 2 и дирекна струја (DC) преку CCS приклучок кој ви дава до 50kW електрична енергија.

Дали знаевте дека јавната инфраструктура на полнење во Германија е снабдена со 100% зелена или обновлива енергија?

Electric MINI – јавно полнење – CCS
Electric MINI – полнење на работа – SchuKo

СНАГА = РАБОТА/ВРЕМЕ.

Доколку имате паркинг место на работа, вашиот работодавец може да размисли за поставување на уред за полнење за вас и вашите колеги. Се применуваат истите услови како и при полнење дома. Ако паркирате подолго време, не е потребен високонапонски приклучок. Ви треба само стандарден SchuKo приклучок - така што патувањето дома можете да го започнете со целосно наполнета батерија.

Снагата на високо полнење која ја нуди комбинираниот систем на полнење (CCS) стапува на сила за полнење на подолги далечини.

НАЈГОЛЕМАТА МРЕЖА ВО ВАШИ РАЦЕ.

The all-electric MINI The all-electric MINI

1 картичка

и сè е подготвено.

12,000+

полначи и бројот расте.

The all-electric MINI The all-electric MINI

СИТЕ ЗА ЕДЕН. ЕДЕН ЗА СИТЕ.

MINI ELECTRIC се здружи со MINI Charging за да ви овозможи пристап до најголемата светска мрежа на компатибилни брзи полначи. Ви треба само една RFID картичка за наплата.
Electric MINI – Наполни сега – MINI Connected

НАПОЛНЕТЕ СЕ КОГА БИЛО.

MINI Charging ви нуди пристап до над 100.000 места за полнење ширум Европа. Речиси 20.000 се лоцирани само во Германија.

Постапката на полнење можете лесно да ја активирате со паметен телефон или RFID картичка. Се наплаќа по минута и ќе добиете месечен детален извештај за засебните трошоци и соодветните надоместоци.

Повеќе информации за MINI Charging и интерактивна мапа на сите места за полнење можете да побарате на линкот подолу.

КАДЕ И ДА ОДИТЕ.

The all-electric MINI The all-electric MINI

100%

преглед.

можности за полнење.

The all-electric MINI The all-electric MINI

ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА Е НАСЕКАДЕ.

Без разлика дали одите на викенд или посетувате пријатели во друг град, вашиот потполно електричен MINI не може да биде подобро опремен.
Electric MINI – полнење – комоатибилност

КОМПАТИБИЛНОСТ = ЦЕЛОСНА ФЛЕКСИБИЛНОСТ.

Благодарение на компатибилните конектори Тип 2 и CCS, имате целосна флексибилност и можете да ја искористите секоја станица за полнење.

Комбинацијата на практичен капацитет на полнење и стабилен перформанс при полнењето на вашиот MINI гарантира дека можете да тргнете по различни патишта за да стигнете до својат дестинација - и секогаш да имате на располагање неколку опции за полнење.

СЕКОГАШ ВО ВИДОКРУГ.

Вашиот потполно електричен MINI може да ви помогне со вашиот маршрута и моментално планирање на насоката во секоја минута од патот благодарение на интеграцијата на MINI Charging.
Electric MINI – Наполни сега – планирање на маршрутата
Electric MINI – идеална маршрута – заедница на е-мобилност

СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ Е ИСТРАЖУВАЊЕ.

Ако претпочитате подетален план на патот, постои низа дополнителни алатки обезбедени од сè поголемата заедница на е-мобилност која ќе ви помогне при пресметките - како што се идеални брзини на крстарење или најбрза маршрута.

ЗАШТЕДЕТЕ НА МНОГУ НАЧИНИ.

The all-electric MINI The all-electric MINI

0 одржување

8-годишна гаранција на погон.

0 CO2

емисии локално.

The all-electric MINI The all-electric MINI

ПОМАГАЊЕТО ДА СЕ СПАСИ ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈ МОЖЕ ДА ЗАШТЕДИ ПАРИ.

Електричната мобилност може да биде од корист на околината и да има позитивно влијание врз вашиот паричник - доколку се направи на вистинскиот начин.
Electric MINI – погон – заштеда

МАЛО ТРОШЕЊЕ.

Погонот на потполно електричниот MINI се состои од многу помалку работни делови од моторот со согорување. Тоа значи дека има соодветно помалку делови што треба да се поправат или заменат со текот на времето.

РЕГЕНЕРАЦИЈА НА ЕНЕРГИЈАТА НА СОПИРАЊЕ.

Вашиот потполно електричен MINI ја претвора енергијата на сопирање во електрична енергија користејќи го својот мотор како генератор и враќа дел од енергијата во вашата батерија секогаш кога ќе забавите.

Ова таканаречено регенеративно сопирање исто така ги чува дисковите на сопирачките и спречува создавање на ситни честички прашина предизвикани од абењето на дисковите на сопирачките.

Electric MINI – сопирачки – регенеративно сопирање

ДОБРО ЗА ВАШИОТ ЏЕБ. ДОБРО ЗА ОКОЛИНАТА.

Во пресметките во примерот долу, можете да видите колку CO2, гориво и услуги може да заштедите со годишна километража од 15,000 km во споредба со бензински мотор.

Услови:

  1. Според тековните цени за бензин и kWh
  2. Даночни олеснувања за електрични автомобили
  3. Потполно електричен MINI наполнет јавно или дома со 100% обновлива енергија - бензинот емитува околу 2.32 kg CO2 по литар

 

The all-electric MINI The all-electric MINI

БЕЗИНСКИ МОТОРИ:

780 литри/годишно

16 полни резервоари

околу. 1,200 €1

+ околу. 260 € дополнителни трошоци

1,460 €/годишно

1,800 kg3 CO2

ПОТПОЛНО ЕЛЕКТРИЧЕН MINI:

2,150 kWh/годишно

58 циклуси на полнење

околу. 560 €1

+ околу. 120 €2 дополнителни трошоци

680 €/годишно

0 kg3 CO2

The all-electric MINI The all-electric MINI
Electric MINI – одржливост – заштеда

ПРЕСВРТНА ТОЧКА.

Првиот MINI од 1959 година, веќе беше енергетски ефикасен. Денес, истите општи принципи се применуваат на нашиот опсег на електрична мобилност. Со технологијата на возење на батерии, потполно електричните MINI Cooper SE и MINI Countryman Plug-in Hybrid го водат полнењето кон поодржлива иднина. Ако MINI Cooper SE се полни со ЕУ мешавина на електрична енергија, споредлив е со, или сепак е позелен од MINI Cooper S управуван со бензин по околу 30.000 km.

Доколку се полни со употреба на мешавина од обновлива енергија, MINI Cooper SE е почист или позелен од споредливиот автомобил со бензински мотор на околу 19.000 km. Во текот на својот целосен животен циклус, MINI Cooper SE прикажува 40% (EU мешавина) и 70% (обновувачка мешавина) помал потенцијал за глобално затоплување.*

И не запираме тука. Сите погони на Групацијата БМВ во Европа се снабдени со 100% зелена електрична енергија од 2017 година. Исто така, постојано ги прошируваме начините за транспорт со ефикасна емисија на јаглерод и повеќе од половина од нашите возила ги напуштаат постројките со воз. Во декември 2019 година, групацијата БМВ се приклучи на „Доаѓање до нулта коалиција“ со цел да се постигне декарбонизација на меѓународното морско бродарство.

*Анализа на животниот циклус од ноември 2019 година.


ПРИЛАГОДЕТЕ ГИ ВРЕДНОСТИТЕ.


Едноставно прилагодете ги вредностите подолу за да добиете најажурирана споредба.

Mini electric
Споредбено бензинско возило
Потенцијална годишна заштеда

Промените на вредностите влијаат врз пресметката и заштедениот износ. Почетните вредности се утврдени врз основа на просечни цени забележани во последните 12 месеци. Сите податоци прикажани тука се подложни на промени.

КАЛКУЛАТОР ЗА ПОЛНЕЊЕ

ДОКОЛКУ ЈА ПОМИНУВАТЕ ОВАА ДИСТАНЦА СЕКОЈ ДЕН
km
0 km 200 km
Секоја недела треба да полните
x
Потребен ви е овој процент од целосно полнење секој ден
%
Во споредба со слично возило на бензин, потенцијално заштедувате

ЛЕСНО ПОЛНЕЊЕ ДОМА

времетраење во часови
 
трошок
 
времетраење во часови
 
трошок
 

БРЗО ПОЛНЕЊЕ НА ПАТ

времетраење во часови
 
трошок
 
времетраење во часови
 
трошок
 

Опсегот со едно полнење се пресметува врз основа на тест циклус ориентиран кон потрошувачот. Вистинскиот опсег зависи од различни фактори, особено: избрани големини на бандажи и гуми, личен стил на возење, избрана маршрута, временски услови, употреба на системот за греење / ладење и системите з предупредување. Во зависност од надворешните фактори, како што се напонот или надворешната температура, реалното време на полнење може да се разликува од времето на полнење прикажано во оваа алатка. Времето на полнење е измерено при надворешна температура од 25 ° C.

КОЛКУ ДАЛЕКУ МОЖАМ ДА СТИГНАМ?

Создадовме паметен калкулатор да ви помогне да пресметате колку далеку можете да возите со едно полнење.

 

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

ПОЛНЕЊЕ ДОМА.

За да инсталирате правилно MINI WALLBOX ви препорачуваме да ги искористите нашите услуги на инсталација. Едноставно договорете ја оваа услуга со својот MINI партнер, заедно со MINI Wallbox Essential. Нашиот официјален партнер за инсталација (Deutsche Telekom Technischer Service GmbH) потоа ќе ги преземе сите советодавни услуги, самата инсталација и постапката на пуштање во употреба.

Придобивките за вас на прв поглед:

  • Преглед на потребите за електричен приклучок на вашиот имот.
  • Препорака на соодветни места за инсталација врз основа на вашата ситуација со паркирање.
  • Инсталација, поврзување и пуштање во работа на избраното место на инсталација (вклучувајќи поставување кабел до 2 м на површината).
  • Упатства за постапката на полнење.
  • 24-месечна гаранција.
Препорачуваме трофазен приклучок со заштита на осигурувачи од најмалку 16 А - ова ќе овозможи довод 11 kW до возилото. Трофазната врска со заштита на осигурувачи од 32 А ќе биде потребна во иднина. Сите PHEV возила можат да се полнат со макс. еднофазно напојување од 3.7 kW со помош на MINI Wallbox Essential.
Пократко време на полнење: До 7.4 kW (еднофазно) или 11 kW (трофазно), должина на кабел 5.0 m, едоставно ракување со кабли, интегрирана детекција на лоша струја ("истекување на директна струја").
Да, доколку користите приклучок за полнење тип 2 или CCS приклучок (комбиниран приклучок).
5 метри, безбедно прицврстен за Wallbox.
Не.
Да, MINI Wallbox Essential е сертифицирана за надворешна употреба во согласност со заштитната класа IP 54. Ова значи дека не е апсолутно неопходна заштита од временските услови. Wallbox е развиена и сертифицирана за надворешна употреба. Сепак, препорачуваме инсталирање внатре поради удобност, како и дополнителна заштита од снег и формирање мраз на Wallbox во текот на зимата со што вашата Wallbox истовремено ќе биде заштитена подолго од прашина и мов.
Не - сеопфатните тестови на електромагнетна толеранција потврдија дека MINI Wallbox Essential не емитува зрачење.
Во текот на полнењето, кабелот за полнење е заклучен со што се заклучува и возилото. BMW и Wallbox Connect исто така така можат да се заклучат кога не се користат.
Да - тоа сепак значи дека постојано ќе се троши електрична енергија, но по мала брзина.

MINI ПОЛНЕЊЕ.

MINI системот за навигација ви овозможува директен пристап до сите станици за полнење во мрежата за полнење на MINI.

Исто така можете да побарате станици за полнење: Кога во системот за навигација ќе наместите „станици за полнење“ како посебна дестинација, ќе ви се прикаже список на станици за полнење во ваша близина.

Апликацијата MINI Charging ви нуди уште една опција обезбедувајќи ви пристап до список на сите достапни станици за полнење на вашиот паметен телефон.

Можете да ја употребите мапата за полнење MINI или апликацијата за полнење MINI за да ја отклучите станицата за полнење и да ја активирате постапката на полнење.

Со некои столбови за полнење може да се управува преку апликацијата MINI Charging. Апликацијата која има интегриран скенер на QR кодови, е лесна за употреба како и за инсталација. За да го направите тоа, едноставно преземете ја апликацијата, внесете го својот број од договорот со MINI и својот ПИН број.

Вашето возило е наплатено со безготовинско плаќање - можете да платите преку месечна исплата директно од вашата сметка. Вашата MINI сметка за плаќање преку интернет ви обезбедува постојан преглед на вашите процеси на полнење и трошоци.

  1. Исклучете го моторот и подигнете ја рачната сопирачка.
  2. По потреба, прилагодете ја струјата пред полнење.
  3. Не користете продолжни кабли.
  4. Секогаш приклучувајте и отстранувајте го кабелот за полнење со овој редослед:

    Приклучување:

    1. Поврзете со приклучокот.
    2. Поврзете со возилото.

     

    Исклучување:

    1. Исклучете од возилото.
    2. Исклучете од приклучокот.

     

    LED светла:

    • Бело светло: сигнално светло
    • Црвено светло: грешка при полнењето
    • Портокалово светло: Вклучување
    • Сино светло: Активно полнење
    • Зелено светло: Полнењето е завршено

     

  5. Заклучете го возилото. Процесот на полнење започнува дури откако е заклучено вашето возило.

Нормално полнење со наизменична струја (AC):

Ова ефикасно го полни вашиот автомобил, главно преку ноќ, но и во текот на денот. Во споредба со домашниот електричен приклучок, станицата со наизменична струја ви дава повеќе енергија и батеријата може да се наполни за само неколку часа. Овој вид на станица за полнење скратено се вика AC станица за полнење.

Брзо полнење со еднонасочна струја(DC**):

DC** станиците за брзо полнење се подобра опција кога ви треба да го наполните брзо автомобилот. Тие можат брзо да ја наполнат батеријата на вашето возило - на пример, додека одите во шопинг. Постапката на полнење трае меѓу 30 и 40 минути. Овој вид на станици скратено се нарекуваат DC станици за полнење**.

За повеќе информации погледнете minicharging.chargemasterplc.com/

Напомена: Доколку наидете на проблем со полнењето, контактирајте го операторот на станицата за полнење. Нивниот контакт број обично е назначен на станицата.

ЕКОЛОШКИ И СОЦИЈАЛНИ СТАНДАРДИ ВО МРЕЖАТА НА ДИСТРИБУТЕРИ

Клучните суровини на високонапонските батерии се кобалт, литиум, графит и никел. Школката на високонапонската батерија е изработена од алуминиум. MINI (BMW Групација) е посветен на развој на синџирот на снабдување што ќе биде одговорен, одржлив и што ќе ги исполнува нашите сопствени високи етички стандарди и човекови права. Секој номиниран добавувач мора да обезбеди информации за спроведувањето на еколошките, социјалните и управните стандарди, вклучително и почитувањето на човековите права и забраната на присилна работа. Тесно соработуваме со клучните добавувачи на суровини за да осигуриме дека сите материјали се набавени одговорно за заштита и подобрување на животната средина, така и за обезбедување на сигурноста и благосостојбата на вработените во која било точка од ланецот на снабдување. Ние, исто така, продолжуваме да ги насочуваме логистичките операции за да го намалиме ефектот од транспортот на компонентите до нашите постројки.

MINI (BMW Групација) многу внимателно и критички го испитува потеклото на нашите суровини. При изборот на добавувачи, ние се придржуваме до Упатството на ОЕЦД за одговорно деловно однесување. Згора на тоа, ги обврзуваме нашите директни добавувачи да ги исполнат нашите барања за одржливост со нивните добавувачи. Транспарентноста на мрежата на добавувачи е основата за осигурување дека се исполнети нашите барања за одржливост од страна на нашите добавувачи.

Заедно со BASF, Samsung SDI и Samsung Electronics, ние сме посветени на одржливо ископување на кобалтот. Во заеднички проект во Демократска Република Конго, сакаме да разбереме како можат да се подобрат условите за живот и работа на локалното население. Со цел да го спречиме или ублажиме негативното влијание и да не ги изневериме луѓето во Конго, ние исто така го ангажиравме германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) ГмбХ да ги подобри условите за работа во занаетчиското ископување на кобалт во еден пилот проект во ДР Конго. Свесни сме за нашата одговорност дека суровините се ископуваат и се обработуваат во нормални услови. Редовно сме на лице место, ги знаеме рудниците и методите на работа на нашите партнери и обезбедуваме чисто обновување на истите. Покрај тоа, за општо ограничување на потребата од критични суровини како кобалт, BMW Group има цел да го зголеми сразмерот на рециклиран коблат во батериските ќелии.

Во процесот на набавка на алуминиум, ние не само што купуваме за наши сопствени потреби, туку овој материјал го ставаме и на располагање на нашите добавувачи, достапно и по пресметливи цени. Ова создава поголема безбедност при планирање од двете страни. За да ги задоволиме нашите долгогодишни потреби - трајни барања за одржливо произведен алуминиум во иднина, групацијата BMW стана првиот производител на автомобили што се приклучил на Иницијативата за надзор на алуминиум - активно барајќи еколошка и социјална одржливост за сертифициран алуминиум низ целиот синџир на вредности на алуминиум - од рудникот до процесот на рециклирање.
Ние, исто така, се трудиме да добиеме поголеми количества на рециклиран алуминиум во нашите производствени процеси. Употребата на секундарни материјали има позитивен ефект, особено на следниве аспекти на одржливост: биодиверзитет, емисии на СО2 (особено кај суровини со енергетски интензивно производство како што се алуминиум, челик и бакар) и намалување на отпадот. Просечното учество на секундарниот алуминиум во нашите возила е 20%. За легури за леење алуминиум, тоа е 40%. Ние работиме со Иницијативата за надзор на алуминиум за сертифицирање на нашите партнери за алуминиум во согласност со наведениот стандард за одржливост. За повеќе информации, посетете ја aluminium-stewardship.org

Литиумот што се користи во компонентите на Mini Cooper SE, потекнува од Австралија. Вадењето се врши од наслаги на тврда карпа, што подлежат на највисоки стандарди во поглед на одржливоста. Групацијата BMW продолжува да спроведува истражување за тоа како материјалите како литиум можат да бидат пренаменети со помош на рециклирање на батеријата - на пример, со повторно производство или концепти „затворена јамка“.

Постигнувањето максимална видливост на нашиот синџир на снабдување ни помага да ги идентификуваме проблемите на терен и ефикасно да се справиме со нив, често во соработка со нашите добавувачи и други засегнати страни. Зголемувањето на транспарентноста и ефикасноста на ресурсите во нашите синџири на снабдување се заснова на усогласеноста со еколошките и социјалните стандарди, дефинирани во стандардот на одржливост на Групацијата BMW за мрежата на добавувачи. Секој добавувач мора да ги земе предвид барањата за одржливост на групацијата BMW во својата понуда. Понатаму, ние се водиме по меѓународните стандарди како што се упатствата на Иницијативата на ООН за глобална спогодба (Давос, 01/99) и „Декларацијата за основните принципи и права при работа“ (Женева, 06/98), Меѓународната организација на трудот ( МОТ) и нивниот процес на длабинска анализа со барањата на „Водечките принципи на ООН за деловното работење и човековите права“.

Зеленоста на кој било електричен автомобил во крајна линија зависи од изворот на електричната енергија што ја напојува батеријата. Друг аспект на животниот траг на СО2 е енергијата што се користи за производство на батеријата. Имајќи го ова предвид, тестовите покажаа дека ако MINI Cooper SE се полни со употреба на мешавина на електрична енергија од обновливи извори, тој се урамнотежува со или го „обработува“ СО2 што се ослободил во текот на неговото производство по околу 19 000 км. Во текот на целиот животен циклус, емисиите на MINI Cooper SE се 40% (ЕУ мешавина) и 70% (мешавина од обновливи извори) во споредба со онаа на MINI Cooper S со бензински погон. Тоазначи дека,користејќи ги вообичаените дневни дистанци на возење, потребно е само дванаесет месеци возење за да ги надомести MINI Cooper SE дополнителните емисии на глобално затоплување од неговото производство.

ПРЕЗЕМИ ГИ СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ.

The all-electric MINI side view
3-DOOR HATCH COOPER SE
MINI 3-door Hatch side view
3-DOOR HATCH
MINI 5-door Hatch side view
5-DOOR HATCH
MINI Convertible side view
Convertible
MINI Clubman side view
Clubman
MINI Countryman side view
Countryman
MINI John Cooper Works side view
john-cooper-works
MINI John Cooper Works logo